ФДА: Вакцината на „Модерна“ е безбедна и 95 отсто ефикасна

пред 3 години

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) соопшти денеска дека вакцината против коронавирусот на фармацевтската компанија „Модерна“ е безбедна и 95 отсто ефикасна, со што се овозможува нејзино итно одобрување во САД.

Доколку вакцината ја одобри панелот на ФДА, таа би можела да биде втора одобрена вакцина против коронавирус во САД.

ФДА наведува дека режимот на давање две дози од вакцината на „Модерна“ е високо ефикасен во спречување на позитивни случаи на Ковид-19.

Коментари на ФДА се објавени во документи кои се подготвени за состанокот на надворешни експерти в четврток, кои ќе разговараат дали да го поддржат овластувањето на САД за итна употреба на вакцината на „Модерна“.

Во САД вчера почна вакцинација на граѓаните со вакцината која ја произведоа компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“.

За разлика од вакцината на „Фајзер“, вакцината на „Модерна“ не бара исклучително студени услови за складирање при испораката.

Scroll to Top