Фејсбук и натаму не го пушта Трамп на платформата

пред 3 години

Надзорниот одбор на Фејсбук денеска ја потврди одлуката за блокирање на сметката на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа светските агенции.

Фејсбук на неодредено време го блокираше пристапот на Трамп до неговите сметки на оваа социјална мрежа, како и на мрежата на Инстаграм, поради стравувања од идни немири по нападот на Конгресот на 6 јануари од страна на приврзаниците на Трамп.

Директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг рече дека ризикот да му се дозволи на претседателот да продолжи да ја користи услугата што ја нуди компанијата е едноставно преголем.

Scroll to Top