Фејсбук ќе ја продолжи забраната за политички реклами во САД уште еден месец

пред 4 години

Фејсбук соопшти дека постизборната забрана за политички реклами поврзани со изборите во САД ќе трае уште еден месец.

„Иако неколку извори објавија проекции за победникот на претседателските избори во САД, сепак веруваме дека е важно да се спречи забуна или злоупотреба на нашата платформа“, наведува компанијата во имејл испратен до огласувачите.

Портпарол на Фејсбук одби да ја коментира објавата.

Фејсбук претходно соопшти дека забраната ќе биде во сила најмалку една недела по претседателските избори во САД, но дека тој период може да биде продолжен.

Scroll to Top