Филипини забрани влез за патници од САД

пред 3 години

Филипините ќе забранат влез за патници од САД од недела откако беше откриена позаразна варијанта на вирусот корона во Флорида.

Забраната за патување, која трае до 15 јануари, ги вклучува оние кои биле во САД 14 дена пред да пристигнат на Филипини, изјави Хари Рок, портпарол на претседателот Родриго Дутерте.

На патниците од САД кои ќе пристигнат на Филипини пред 3 јануари ќе им биде дозволен влез, но тие мора да поминат 14-дневен карантин, дури и да бидат негативни за тестот за коронавирус.

Ограничувањето не се однесува на Филипинците кои патуваат од САД, но тие исто така треба да поминат 14-дневен карантин во владиниот објект кога ќе пристигнат.

Новата варијанта на вирусот корона сè уште не е откриена на Филипините. Со повеќе од 475.000 случаи на Ковид-19 и 9.248 смртни случаи, Филипините имаат втор најголем број на инфекции и смртни случаи во Југоисточна Азија по Индонезија.

Scroll to Top