Фишер: Годинава нема да биде постигнат колективен имунитет во светот

пред 3 години

Програмите за вакцинација нема да обезбедат колективен имунитет од светската пандемија годинава, изјавија неколку здравствени експерти, забележувајќи дека има ограничен пристап до сиромашните земји, проблеми со довербата во заедницата и потенцијални мутации на вирусот.

Дејл Фишер, шеф на Глобалната мрежа за предупредување и одговор на епидемиите координирана од Светската здравствена организација, изјави дека нема да се вратиме во нормала наскоро, објави британскиот весник „Гардијан“.

„Знаеме дека мора да постигнеме колективен имунитет и тоа ни треба во повеќето земји, така што тоа нема да се случи во 2021 година“, рече тој.

Можеби има некои земји кои би можеле да го постигнат тоа, но и тогаш ситуацијата нема да биде нормална, особено во однос на контролата на границата, додаде Фишер.

Scroll to Top