Франција не ја препорачува вакцината на „АстраЗенека“ за лица постари од 65 години

пред 3 години

Вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19, која е трета одобрена во Франција, не се препорачува за лица постари од 65 години, поради недоволни податоци за нејзината ефикасност во таа возрасна група, соопшти Јавниот институт за здравство на Франција (ХАС).

„ Сè уште немаме доволно податоци за лица над 65 години. Се надеваме дека ќе ги добиеме овие податоци во наредните недели, а во меѓувреме оваа вакцина ја препорачуваме за лица помлади од 65 години“, рече директорот на ХАС, Доминик Ле Гулудец.

ХАС ја одобри вакцината АстраЗенека четири дена по Европската агенција за лекови (ЕМА).

Независното тело, чии совети Владата на широко ги почитува, смета дека вакцината прво треба да се дава на луѓе на возраст од 50 до 60 години и на медицинскиот персонал. Слична одлука за употребата на АстраЗенека донесоа Италија, Австрија и Германија, повикувајќи се и на недостаток на податоци.

ЕМА минатата недела соопшти дека нема доволно податоци за вакцината АстраЗенека за да утврди дали може да се користи кај постарата популација.

Scroll to Top