Францускиот Парламент даде првично одобрување на контроверзниот предлог-закон за безбедност

пред 3 години

Долниот дом на францускиот Парламент денеска даде првично одобрување на контроверзниот предлог-закон за безбедност со кој се ограничува објавувањето фотографии или видеа од лица на полицајци. Законското решение беше жестоко критикувано од групите за слобода на печатот.

Националното собрание, контролирано од приврзаниците на претседателот Емануел Макрон, го донесе предлог-законот со 388 „за“, 104 „против“ и 66 воздржани.

Нацрт-законот мора да оди во Горниот дом – Сенатот во јануари, а премиерот Жан Кастекс вети дека ќе побара одобрување од Уставниот суд. ј

Scroll to Top