Холандија до 7 април го прекина во целост вакцинирањето со „Астра Зенека“

пред 3 години

Холандија денеска соопшти дека привремено, до 7 април, ја прекинува употребата на вакцините на „Астра Зенека“ против коронавирусот.

Министерството за здравство вчера соопшти дека привремено ја прекинува вакцинацијата на лицата на возраст до 60 години, но по консултации со здравствената служба денеска одлучи да ја прекине вакцинацијата за сите возрасни групи со оваа вакцина, пренесе Хина.

Во следните денови околу 700 лица, постари од 60 години, требаше да ја примат вакцината „Астра Зенека“, но нивната вакцинација, исто така, е привремено откажана.

По вакцинацијата со оваа вакцина се појави пет случаи на згрутчување на крвта, кај жени на возраст од 25 до 65 години, а едно лице дури и умре. Во тек се истраги за утврдување дали случаите биле предизвикани од вакцинација, соопштија здравствените власти.

Во Холандија досега со вакцините на „Астра Зенека“ се имунизирани околу 400.000 лица.

Scroll to Top