Честитки за Бајден од НАТО и ЕУ

пред 3 години

Лидерите на ЕУ и НАТО го поздравија денеска официјалното стапување на должност на новиот претседател на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.

– Најдобри желби во напорите за закрепнување на земјата и да најдат излез за американските граѓани од пандемијата, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, додавајќи дека е време „ЕУ и САД да ги оживеат односите“.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли изјави дека „светот има потреба од силна врска меѓу Европа и САД“, изразувајќи очекување за соработка во заштита на природата и борбата со нееднаквоста.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, го поздрави инаугурирањето на претседателот Џо Бајден.

– Денеска отвораме ново поглавје и нестрпливо ја очекувам нашата тесна соработка, напиша Столтенберг на Твитер, веднаш откако Бајден положи заклетва како 46. претседател на САД.

Тој нагласи дека „врската меѓу Европа и САД е основа за нашата безбедност. Раководството на САД е многу важно за заедничката работа во заштита на нашите демократии, вредности и меѓународниот правен поредок“.

– Сојузниците треба да бидат единствени пред безбедносните предизвици од делувањето на Кина, заканата од тероризмот, однесувањето на Русија, напиша Столтенберг и изрази очекување дека подоцна оваа година ќе оствари средба со Бајден во Брисел.

Scroll to Top