Швајцарија во потрага по патници од Британија кои пристигнале изминатава недела

пред 3 години

Швајцарските власти започнаа потрага по лицата кои влегле во земјата од Велика Британија, бидејќи од вчера ретроактивно е воведен карантин за сите кои пристигнале од таа држава.

Секој, кој од 14 декември пристигнал од Велика Британија во Швајцарија, според одлуката на властите во Берн, ќе мора да остане десет дена во изолација, а таа мерка погоди повеќе илјади туристи.

Според податоците на швајцарските власти, од 14 декември до откажување на летовите во неделата навечер, во земјата слетале 92 авиона од Велика Британија.

Само на аеродромот во Женева изминатиот викенд пристигнале 3.500 патници од Велика Британија, а властите проценуваат дека вкупниот број на лица кои се погодени од новата мерка изнесува околу 10.000.

Швајцарската Агенција за здравство побара од авиокомпаниите да им достават листи со имиња на патниците

Scroll to Top