Швајцарија ќе потроши милијарда франци на бесплатни ковид-тестови за населението

пред 3 години

Швајцарија денеска претстави план вреден една милијарда франци, со кој ќе понуди бесплатни тестови на коронавирус за своето население, како дел од мерките во борба против Ковид-19.

Според предлогот, секое лице треба да добие пет комплети за самотестирање месечно, штом ќе бидат достапни сигурните тестови, соопшти Владата, а сите тестови во аптеките и центрите за тестирање ќе бидат бесплатни.

За да се овозможи спроведување на дополнителни испитувања, Владата предложи да плати доброволни тестови.

Се проценува дека проширената шема на тестирање оваа година ќе чини повеќе од една милијарда франци.

Scroll to Top