Шведска го одложува планот за ублажување на мерките

пред 3 години

Шведска, која во текот на пандемијата ги избегнуваше мерките за заклучување, ќе го одложи планот за ублажување на некои ограничувања поврзани со Ковид-19 поради актуелното високо ниво на инфекција, објави владата на таа земја.

Шведска минува низ третиот пандемиски бран, а бројот на пациенти кои се лекуваат во одделенијата за интензивна нега е на највисоко ниво од пролетта минатата година, објави „Ројтерс“.

„Откако ќе се намали притисокот врз здравството и падне нивото на инфекција, тогаш владата ќе биде подготвена да започне со укинување на ограничувањата“, рече премиерот Стефан Левен на прес-конференција, додавајќи дека тоа сè уште не е постигнато.

Во споредба со повеќето земји, Шведска остана релативно отворена за време на пандемијата, но ограничувањата на јавните собири и работното време на рестораните се во сила, а некои објекти како што се базени и спортски стадиони се затворени.

Scroll to Top