Шведски доктор: Секој ден фрламе стотици дози од „Астразенека“

пред 3 години

Стотици дози на вакцината од „Астразенека“ против Ковид-19 се фрлаат секој ден во Стокхолм, затоа што жителите одбиваат да се вакцинираат со неа, изјави денеска шведски лекар за телевизијата СВТ.

Јохан Стируд од Медицинското здружение на шведската престолнина рече дека нема доволно доброволци за „Астразенека“, па затоа вакцините мора да се фрлат доколку не се искористат за неколку часа.

Во Шведска, давањето на вакцината од британско-шведскиот производител е ограничена на лица над 65 години, откако во светот беа пријавени ретки случаи на згрутчување на крвта како несакан ефект по земањето на лекот.

СВТ известува дека некои пациенти ги откажуваат закажаните термини кога ќе дознаат дека ќе примат вакцина од „Астразенека“.

Стируд, како и Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), нагласува дека придобивките од оваа вакцина се многу поголеми од ризиците, па ги повика луѓето да се вакцинираат.

Отфрлање на вакцината oд „Астразенека“ е забележано и во Хрватска, која во моментов има најголем број дози токму од оваа вакцина, објавија хрватските медиуми, кои ја пренесуваат изјавата од шведскиот доктор.

Scroll to Top