Шест земји од ЕУ ја стопираа вакцинацијата со дози од „Астразенека“

пред 3 години

Шест земји од ЕУ престанаа да користат вакцини од „Астразенека“ поради загриженост за згрутчување на крвта.

Данска, Австрија, Естонија, Летонија, Литванија и Луксембург ја прекинаа вакцинацијата со оксфордската вакцината во серија од милион дози, што е испратена во дури 17 европски земји.

Двонеделната суспензија во Данска дојде по извештаите за сериозни случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани со оваа вакцина.

Данските здравствени експерти потенцираат дека во моментов не е утврдено дека постои врска помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта.

Во исто време, Белгија најавува дека засега нема да престане да ја користи вакцината на „Астразенека“ и дека во таа земја нема познати случаи на лица со згрутчување на крвта по вакцинирањето.

„Засега знаеме дека ова е многу безбедна вакцина. Немаме аргументи за да го поддржиме кое било друго гледиште “, рече Дирк Рамекерс, шеф на белгиската работна група за вакцинација.

Европската агенција за лекови започна истрага во врска со наводите за можна врска помеѓу вакцината на „Астразенека“ и згрутчување на крвта кај оние кои ја примиле.

Белгиските здравствени власти наведуваат дека на почетокот на вакцинацијата биле пријавени смртни случаи во домови за стари лица по примени дози од „Фајзер“, но тоа истражување покажало дека тие смртни случаи немаат никаква врска со вакцината.

Scroll to Top