Шербеџија: Се вакцинирав во Србија, направија одлична работа

пред 3 години

Познатиот актер Раде Шербеџија прими вакцина против коронавирус во Белград, а за сараевски „Аваз“ рече дека многумина заради тоа отишле во Србија, која одлично го направила тоа, и ги повика сите што можат да го сторат истото.

„Сето тоа го сторија многу добро, па многу луѓе отидоа таму да се вакцинираат. Супер го поднесов. Многу мои пријатели од Сараево отидоа таму да се вакцинираат. Потребно е тоа, не може да се чека. Кој може, треба да го стори тоа“, рече Шербеџија во интервју за сараевскиот „Аваз“.

Тој се надева дека вакцината од Европската Унија сега ќе тргне побрзо.

„Се надевам дека ќе можеме да го пречекаме ова лето помирно и дека ќе можеме да се дружиме. Имам такво чувство“, рече Шербеџија.

Scroll to Top