Чешка и Полска не ja прекинуваат вакцинацијата со „АстраЗенека“

пред 3 години

Чешка ќе продолжи со имунизација со вакцината „АстраЗенека“, иако неколку земји привремено ја прекинаа нејзината употреба, и само ќе провери дали може да се продолжи периодот меѓу првата и втората доза за да се вакцинираат повеќе луѓе, соопшти денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш.

– Го прашав министерот за здравство, Јан Блатни, за здравствените ризици. Тој ми одговори дека тој е хематолог, дека се разбира во тоа, и оти Чешка ќе продолжи да вакцинира, изјави Бабиш по седницата на Владиниот совет за здравствени ризици.

И во соседна Полска, министерот за здравство, Адам Нијелски, рече дека предностите од вакцинирање со АстраЗенека ги надминуваат можните ризици што ги носи вакцината.

Scroll to Top