Шпан: Германија се соочува со тешки времиња, ако не запре ширењето на Ковид-19

пред 4 години

Германскиот министер заздравство, Јенс Шпан денеска изјави дека предстојат тешки времиња ако земјата не може да се справи со порастот на новозаболени со Ковид-19.

Тој пред германскиот Парламент истакна дека во изминатите 10 дена двојно е зголемен бројот на пациенти на интензивните одделенија.

– До денеска здравствениот систем може да се справи со тоа. Но, и најдобриоот здравствен систем во светот не може да се справи со двојно зголемување на секои 10 дена, посочи Шпан.

Во Германија во изминатите 24 часа пријавени се над 21.500 заразени со новиот коронавирус и 166 смртни случаи.

Scroll to Top