Што се случува во Париз?! ЕВАКУИРАНА АЈФЕЛОВАТА КУЛА

пред 4 години

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана, изјавил за Ројтерс извор од француските безбедносни сили. Изворот не потврдил дали евакуацијата следела по заканата со бомба, како што објавија некои медиуми. Дејли мејл пренесе дека евакуацијата следува откако полицијата добила анонимен повик дека кај Кулата има поставено бомба. Француските медиуми пренесуваат дека подрачјето го проверуваат припадници на единицата за неутрализирање експлозиви.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top