Џенет Јелен предложена да управува со финансиите на САД

пред 3 години

Одборот за финансии на американскиот Сенат едногласно ја одобри кандидатурата на Џенет Јелен за министерка за финансии, што укажува дека таа лесно ќе добие одобрување во Сенатот.

Во исто време, републиканците изразија резервираност поради амбициозните планови на американскиот претседател Џо Бајден за зголемување на помошта за време на пандемијата, инвестирање во инфраструктура и зголемување на даноците.

– Нема сомнение дека таа е квалификувана за оваа улога, рече конзервативниот републикански сенатор Џејмс Ланкфорд, истакнувајќи има несогласувања во политиката со Џенет Јелен.

Scroll to Top