Џонсон ќе најави ново заклучувње

пред 3 години

Британскиот премиер Борис Џонсон, вечерва треба да најави ново заклучување во цела Англија.

Тоа ќе биде слично на мерките воведени во март 2020 година, кога избувна пандемијата.

Во извештајот на Би-би-си се вели дека овие мерки ќе значат затворање на училиштата, а на вработените ќе им биде наредено да работат од дома освен ако нема можности за тоа или е неопходно нивно лично присуство во т.н. есенцијални служби, објави „Ројтерс“.

Телевизиското обраќање на Џонсон до нацијата се очекува околу 20 часот, а мерките треба да стапат на сила на полноќ.

Scroll to Top