30 руски тенкови и други оклопни возила пристигнуваат во Србија како донација од Путин

пред 4 години

На аеродромот Батајница во Србија слетуваат авиони со воена донација од Руската Федерација.

Русија донираше вкупно 30 тенкови (T-72MC), а првите веќе се испорачани на српскиот аеродром.

Оваа донација на тенкови и воена опрема доаѓа во рамките на воено-техничкиот договор кој беше постигнат меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот колега, Владимир Путин.

Србија, од руската воена сила доби околу 30 оклопни возила (BRDM-2), кои дел од нив веќе пристигнале во Србија, пренесува „Спутник“.

Како дел од воено-техничката соработка, Србија набави и авиони „MiG-29“, хеликоптери „Mi-17“ и „Mi-35“, како и системи за противвоздушна одбрана „Панцир“.

Scroll to Top