Динамо Загреб станаа европски рекордери

пред 3 години


Динамо Загреб, во конкуренција на Феенорд, Волфсбергер и ЦСКА Москва, го освоија првото место и се пласираа во нокаут-фазата, во Лига Европа.


Импресионира начинот на кој „модрите“ ја минаа групата. Одиграа шест натпревари на кои голманот Ливаковиќ прими само еден гол.

Динамо, синоќа го урна рекордот на Манчестер јунајтед од сезоната 2010/2011.

Голманот на Динамо не беше совладан 526 минути. Синоќа против ЦСКА Москва, Бистровиќ го совлада Ливаковиќ во 76.минута. Претходниот рекорд на Манчестер јунајтед изнесуваше 483 минути.

Со ова остварување фудбалерите на Динамо и нивниот голман Ливаковиќ сатнаа рекордери во европските купови (Лига на шампиони и Лига Европа).

Scroll to Top