Калверт-Лувин спаси бод за Евертон во Барнли

пред 3 години

Фудбалерите на Евертон ја продолжија лошата резултска низа и на гостувањето во Барнли. Кај аутсајдерот „карамелите“ одиграа 1:1. Евертон има само една победа на последните шест натпревари. Барнли први стигнаа до гол на овој натпревар. Од првата шанса Брејди, во петтата минута погоди за водство на Барнли. Евертон заигра подобро од 25 минута, кога поради повредата на Фабијан Делф, Карло Анчелоти ја смни формацијата. Доминик Калверт-Лувин успеа да израмни во третата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел. Калверт-Лувин е прв стрелц во Англија, голот против Барнли беше 11 за него од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Во вториот дел, во самиот финиш, двата тима не реализира по една добра шанса.

Scroll to Top