Сити „пукна петарда“ во мрежата на Барнли

пред 3 години

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Барнли со 5:0 во 10 коло, во Премиер лигата на Англија. Сити и во претходните три сезони со овој резултат славеа над Барнли на својот стадион. Натпреварот го обележа Ријад Марез со хет-трик. Алижероцот постигна голови во 6., 22. и 69.минута. Покрај Марез по гол постигнаа Бенжаман Менди во 41. и Феран Торес во 67.минута. Сити сега се осми на табелата со 15 поени, додека Барнли има само пет бода и се наоѓа на 17 место. 

Scroll to Top