Лева контра Роналдо и Меси за наградата ФИФА Бест

пред 3 години


Во годината во која му избега „Златната топка“ откако „Франс фудбал“ контроверзно објави дека нема да ја додели наградата поради КОВИД-19, ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски има совршена шанса да ги победи „вечните“ Кристијано Роналдо и Лионел Меси во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер.


Иако Меси не освои ниту една титула, а Роналдо се закити само со скудетото (едвај), Левандовски со Баерн Минхен ја освои тројната титула и беше најдобар стрелец во сите натпреварувања во кои учествуваше.

Во кандидатура за најдобар тренер во 2020 се неговито тренер Ханси Флик, човекот кој ја донесе првата лигашка титула на Ливерпул по 30 години, Јирген Клоп, и Марсело Биелса, тренерот на Лидс, кој по долга пауза ги врати во Премиер лигата.

Scroll to Top