ФИФА ги објави кандидатите за наградата „The Best“

пред 3 години

Светската фудбалска федерација (ФИФА), денес, ги објави скратените листи на фудбалери, голмани и тренери кои се номинирани за престиѓната награда „The Best“.

Минатата година оваа награда, шести пат во кариерата ја доби Лионел Меси. Оваа година главен фаворит е Роберт Левандовски, кој со Баерн ја освои „триплета“.

Покрај Левандовски, во потесниот круг за наградата е и неговиот поранешен соиграч Тијаго Алкантара, потоа тројката од Ливерпул: Садио Мане, Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк, капитенот на Реал Серхио Рамос, двоецот од ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе, најдобриот фудбалер на Манчетер сити Кевин Де Брујне и двајцата играчи кои доминираат во последните 15 години во светскиот фудбал, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Во категоријата „најдобар тренер, ФИФА ги номинираше Зинедин Зидан (Реал Мадрид), Марсело Бјелса (Лидс јунајтед), Ханси Флик (Баерн Минхен), Хулен Лопетеги (Севилја) и Јирген Клоп (Ливерпул).

Кога станува збор за голманите кандидати се: Алисон Бекер (Ливерпул), Јан Облак (Атлетико Мадрид), Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Кејлор Навас (ПСЖ), Марк-Андре тер Штеген (Барселона) и Мануел Ноер (Баерн Минхен).

Навивачите за предлозите на ФИФА ќе можат да гласаат до 9.декември. Финалистите во секоја категорија ФИФА ќе ги соопшти на 11.декември.

Наградите, на виртуелна церемонија, ќе бидат доделени на 17.декември.

Scroll to Top