Металург загуби, но влезе во групната фаза на Европската лига на ЕХФ

пред 4 години

Металург ќе биде првиот македонски клуб кој ќе настапи во групната фаза на новото натпреварување на ЕХФ, Лига Европа и покрај тоа што загуби на вториот меч со швајцарскиот Кринс со 22:21 (12:11). Во првиот меч во Скопје, Металург славеше со 26:24 и затоа ќе биде дел од второто по ранг натпреварување на ЕХФ во новата сезона. Металург е вториот тим кој обезбеди пласман во групната фаза, откако хрватскиот Нексе со 29:24 го победи шпанскиот Бидасоа Ирун за да ја надополни негативата од 30:27 од првиот меч. Фото: РК Металург

Извор: topsport.mk

Scroll to Top