Милан ја оддржа „социјалната дистанца“ од +5 пред Интер

пред 3 години

Милан останува на пет поени пред градскиот лидер Интер по 10 кола од Серија А, откако на гостувањето кај Сампдорија стигна до 2:1 победа, фантастичен осми триумф во десет лигашки меча оваа сезона. Покрај тоа, „росонерите“ имаат и уште еден необичен скор – 11 меча едноподруго во лигата постигнуваат барем два гола. Френк Кеси ги донесе гостите во водство со гол од пенал во 45. минута од мечот, пред Саму Кастилехо во 77. минута, само што влезе во игра да одговори на убавата асистенција на Анте Ребиќ за 0:2. Албин Екдал во 83. минута го направи финишот на мечот интересен, но трите поени отпатуваа за Милано. Милан има 26 поени на врвот на табелата, Интер се втори со 21, а по 20 имаат Наполи и Јувентус. Самп пак, е на 12. место со 11 освоени поени.

Scroll to Top