Два месеци без алкохол ако ја примите руската вакцина

пред 3 години

Оние кои ќе ја примат руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот ќе мора да се воздржат два месеци од консумирање алкохол, изјави шефицата на руската служба за заштита и надзор на потрошувачите „Роспотребнадзор“, Ана Попова. „Консумирањето алкохол мора да престане најмалку две недели пред имунизацијата, а оние кои ќе ја примат првата доза мора да се воздржат од алкохол во наредните 42 дена“, изјавила Попова за „Радио Космолска правда“. Попова ги советувала граѓаните и да не пушат пред и по вакцинацијата, предупредувајќи дека чадот од цигарите ги иритира белите дробови и го намалува имунолошкиот одговор. Како што пренесува Moscow Times, по предупредувањето на Попова се огласил и Александар Гинсберг, шеф на државниот истражувачки центар „Гамалеја“, кој ја разви вакцината „Спутник V“. Гинсберг изјавил дека и покрај тоа што не треба да се пие алкохол пред и по вакцинирањето, „една чаша шампањ никогаш никому не му наштетила“. Руската кампања за вакцинација започна викендов во Москва, а досега, според проценките, вакцината ја примиле околу 100.000 Руси, вклучувајќи ги учесниците во тестирањето и припадниците на војската. Извор: B92.net

Scroll to Top