Неуспешно лансирање на ракета на Европската вселенска агенција

пред 3 години

Ракета на Европската вселенска агенција (ЕСА) претрпе неуспех осум минути по пол етувањето, со што беа загубени двата сателита што таа ги носеше. Леталото „Вега“ излезе од нормалниот свој режим кусо по лансирањето од вселенскиот центар во Куру, Француска Гвајана, по што излезе од опсегот на набљудување, како што соопштија од „Аријанеспас“ – компанијата што го следеше полетувањето. Истрагата за неуспехот допрва почнува. – Мисијата не успеа – рече извршниот директор Стефан Израел при следењето на ракетата во живо. „Вега“ имаше задача да однесе два сателита во Земјината Орбита – француски и еден шпански. И двата се изгубени при полетувањето, околу 700 километри од Земјата. Ова н еуспешно лансирање на ЕСА е прво по неколку години.

Scroll to Top