Руските астронаути по 18 месеци конечно пак во вселенска прошетка (ВИДЕО)

пред 3 години

Руските астронаути вчера излегоа од Меѓународната вселенска станица на прва „прошетка“ после година и полoвина, а „на отворено“ се задржаа нешто повеќе од пет часа. Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков имаа задача да поминат нешто повеќе од пет часа, објавија од руската вселенска агенција „Роскосмос“. Мисијата вклучуваше подготовки за инсталирање на истражувачкиот модул „Наука“ кој би требало да пристигне на Меѓународната вселенска станица од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан идната година. #ВКД47 Начинаем прямую трансляцию выхода в открытый космонавтов Роскосмоса Сергея @KudSverchkov и Сергея Рыжикова Альтернативный плеер ➡️ https://t.co/rf6JEi7Pzj https://t.co/vZI2l1G2Ov — РОСКОСМОС (@roscosmos) November 18, 2020 Повеќенаменскиот модул ќе вклучува технологија која ќе им овозможи на астронаутите да извршуваат одредени задачи без да имаат потреба да ја напуштаат Меѓународната вселенска станица. Вкупно се планирани десет вселенски прошетки во рамките на подготовките за инсталација на модулот. На Меѓународната вселенска станица исто така е и американската астронаутка Кејтлин Рубинс и уште четворица астронаути кои пристигнаа на почетокот на оваа седмица со Crew Dragon капсулата на компанијата SpaceX. Извор: Zimo.hr

Scroll to Top