Обвинети шест лица за прикажување лажни ПЦР тестови на скопскиот аеродром

пред 3 години

Шест лица биле фатени на скопскиот аеродром со фалсификувани ПЦР тестови за Ковид-19, кои наводно им биле извадени од лаборатории во Скопје.

„ Против шест лица, меѓу кои четворица македонски државјани, една државјанка на Швајцарија и една на Велика Британија, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

При излез од државава, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории“ соопшти обвинителството.​

Scroll to Top