Во Виена вечерва е извршен напад во близина на синагога, а според првичните информации, ранет е полицаец кој ја обезбедувал зградата.
Тој се наоѓа во животна опасност, пренесуваат австриските медиуми.
„Кронен цајтунг“ наведува дека биле истрелани неколку куршуми во близина на Шведенплаца. Локалните медиуми јавуваат и дека луѓе бегале од тој дел од градот откако ги слушнале пукотниците.
Како што се наведува, напаѓачот е во бегство и полицијата трага по него.
Внатрешната безбедност на еврејската верска заедница во Австрија апелира до сите еврејски граѓани да не ги напуштаат своите домови.