Демба Ба во телефонски разговор со контроверзниот судија Колцеску

пред 3 години


Фудбалерот на Башакшехир, Демба Ба имал телефонски разговор со романскиот четврти судија, Себастијан Колцеску, кој предизвика прекин на контроверзниот меч со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите со наводен расизам.


Помошникот тренер на турскиот клуб, Пјер Вебо го слушна Колцеску како бара од главниот судија да му даде картон на Вебо, велејќи дека проблеми прави тој црниот (negru на романски). Вебо и посебно Демба Ба протестираа на овој однос, сметајќи дека се работи за расизам, предизвикувајќи прекин на мечот, кој се доигра следниот ден, а Колцеску е под истрага на УЕФА.

Сега, преку поранешниот сенегалски фудбалер Усман Н’Доје, кој е близок пријател на Ба и многу години играше во романската лига, двајцата биле во контакт. Н’Доје објаснува што било кажано за романските медиуми.

„Демба Ба не го обвини Колцеску за расизам, туку само кажа дека зборот црн не треба да се користи на таков начин. Тој исто така доаѓа од Сенегал, и затоа решив да ги спојам. Мислам дека добро сесогласија. Двајцата велат дека нема проблем. Јас не гледав расизам во Романија додека играв“, вели Н’Доје.

Прекин во Париз – четвртиот судија со расистички испад кон Башакшехир?

Scroll to Top