Британска научничка смета дека новиот вид коронавирус ќе стане доминантен и ќе се прошири во целиот свет

пред 3 години

Директорката на британската програма за генетски надзор, Шерон Пикок, смета дека новиот вид коронавирус, кој првпат е откриен во Кент, ќе стане доминантен во светот.

Шерон смета дека сите вакцини што се регистрирани во земјата досега се покажале ефикасни против него. Таа за Би-би-си откри дека новиот вид е проширен во земјата и дека многу е веројатно тој да се прошири и во светот.

Досега ваквиот вид коронавирус е потврден во повеќе од 50 земји. Пикок рече дека вакцините одобрени за употреба во Велика Британија се чини дејствуваат добро против постојните верзии на вирусот во земјата и дека е нормално вирусот да мутира.

Само мал број од тие мутации имаат специфични карактеристики што го прават вирусот повеќе пренослив, имун на вакцини или потенцијален предизвикувач на посериозна болест.

„Би рекла дека ретко се случува, но мора да внимаваме на тоа“, изјави британската научничка за Би-би-си.

Scroll to Top