По Велика Британија, откриен првиот случај на новиот вид коронавирус и во Италија

пред 3 години

Италијанските власти соопштија дека го откриле првиот случај на инфекција со новиот вид на коронавирус, кој се појави во Велика Британија.

Министерството за здравство вчера вечер изјави дека пациентот неодамна се вратил од Велика Британија со авион и додаде дека сите што биле во контакт со него, се во изолација.

Пациентот е во воената болница во Рим.

Светската здравствена организација објави дека новиот вид на коронавирус е регистриран во Велика Британија, но исто така и во некои други земји – девет случаи во Данска и еден случај на инфекција во Холандија и Австралија.

Италијанските власти соопштија дека ќе ги прекинат воздушните врски со Велика Британија. Неколку европски земји одлучија да ги прекинат воздушните и другите врски со Велика Британија.

 

Scroll to Top