ВИДЕО: Опозицијата слави, Мило Ѓукановиќ ја губи власта

пред 4 години

Демократската партија на социјалисите на Мило Ѓукановиќ иако со мала предност, го доби најголемиот пораз на изборите досега. Првичните неофицијални резултати покажуваат дека мнозинство во идниот парламент ќе го имаат три опозициони коалиции кои веќе прогласија победа и доаѓање на слободата. -По 31 година и една апсолутна власт мораше да се случи и ова. Кој ќе удри на Бога и Василије Острошки мора така да помине. Опозицијата има веќе 42 мандати и мнозинство во парламентот изјавија од изборниот штаб на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ Убедлива победа е прогласена во Будва но и во другите општини каде се оддржуваа локални избори и се слави иако и СПЦ и опозицијата апелираше да не се излегува на улици и да не се слави да не дојде до судири и инциденти. Текстот ВИДЕО: Опозицијата слави, Мило Ѓукановиќ ја губи власта е превземен од А1он .

Scroll to Top