(Видео) Терористички напад во Виена, седумина се мртви

пред 4 години

Вечерва се случи терористички напад во Виена во близина на синагога. Во нападот ранет е еден полицаец, а седумина се мртви, пренесуваат австриските медиуми. Во нападот биле повредени уште неколкумина лица.

Полицаецот кој е во смртоносна опасност работел како стражар и го обезбедувал објектот. Во тек е полициска акција. Како што пренесува „Кроне“, еден од напаѓачите се разнел со експлозив кој го носел на себе. Полицијата трага по другите осомничени.


Наводно во нападот биле испукани 50 куршуми. На терен се излезени голем број на полициски возила. Очевидци за ORF велат дека напаѓачите носеле автоматски пушки.

„Се слушна експлозија, а потоа свативме дека почна да се пука на улиците. Видовме маж кој трчаше низ плоштадот Шведенплац. Дивјачки пукаше. Потоа се упати во насока на плоштадот, каде продолжи да пука. Тогаш стигна полицијата и го застрела“, велат очевидци.

Полицијата го евакуираше и го има затворено целото подрачје, а луѓето почнале да бегаат покрај блискиот мост, за да избегаат од местото на пукање. На луѓето кои живеат во близина, им е упатен апел да не излегуваат од своите домови.

Полицијата верува дека бил планиран голем напад, во кој требало да има голем број на жртви.

Scroll to Top