Деми Мур со новиот изглед предизвика лавина критики: Насмевни се, Деми!

пред 3 години

Деми Мур предизвика шпекулации дека имала пластична операција откако се појави со драматичен нов изглед на модната недела за висока мода во Париз, оставајќи ги гледачите запрепастени.

58-годишната актерка беше речиси непрепознатлива кога им се придружи на моделите од А-листата на модната писта во средата кога беше презентирана колекцијата пролет-лето 2021 на италијанската модна куќа „Фенди“. По ревијата, Деми остави многу корисници на социјалните мрежи да се прашуваат дали нејзината трансформација е резултат на хирушко затегнување на кожата или ужасна шминка.

Неколку минути по појавувањето на Деми на модната писта во креација од црн сатен, Твитер беше преплавен со прашања од збунетите корисници за новиот изглед на sвездата на „Стриптиз“.

„Не би помисил дека ова е Деми Мур ако не го видев насловот“, напиша еден корисник како реакција на веста за изненадувачкиот изглед на актерката. „Дали е ова резултат на лоши филери? Или, можеби ѝ ставиле ужасна шминка?“

Други корисници твитнаа: „Деми Мур, доста е од пластични операции! Ова е срамота! Жените треба да стареат достоинствено.“

Scroll to Top