Маските помагаат во борбата со короната

пред 4 години

Маските помагаат во борбата со короната, е наведено во една студија, која ја направило Американското Министерство за Одбрана.

Во студијата е објаснето дека ризикот од изложеност на коронавирусот, за време на лет со авион, е многу ниска. Кога пациентот кој седи и носи маска, има многу поголеми шанси да не се зарази од коронавирус во однос на оние кои не носат маски.


Кога пациент кој седи во авион и носи маска, во просек 0,003% од воздишните честички кои се во зоната на дишење околу неговата глава се заразни. Дури и кога секое седиште е зафатено, се вели во студијата која би можела позитивно да влијае на авионската индустрија.

Студијата била изведена на летовите на компанијата „Јунајтед Ерлајнс“, на авионите „Боинг 777 и 767“. Истата покажала дека маските помагаат да се минимизира изложеноста на инфекцијата, кога некој ќе се закашла. Дури и ако тој човек седи на соседното седиште, пренесува „Ројтерс“.

„Ваквите резултати значат дека вашите шанси да се заразите со Ковид 19 во авионот на „Јунајтед Ерлајнс“, е речиси непостоечка, дури и кога авионот е полн“, изјавил официјалниот претставник на авиокомпанијата.

Студијата проценува дека патникот, за да се зарази, мора да биде во авионот 54 часа, со некоја заразена личност со Ковид 19. Истражувањето траело шест месеци и опфатило 300 тестови. Тестови биле правени за време на 38 часовен лет и 45 часа на земја.

Scroll to Top