Најубавите божикни филмови на сите времиња

пред 3 години

Најголемиот интернет сајт за филмови, IMDB, направи список на најдобрите божикни филмови, по изборот на гледачите, а на прво место е „Прекрасен живот“ од 1946 година. Тие ги зеле предвид филмовите што биле оценети повеќе од 1000 пати, а овој филм доби проценка од 8,6 од околу скоро 400.000  гледачи.

Втор на листата е филмот „Умри машки“, со Брус Вилис со рејтинг од 8,2. Иако ова не е класичен празничен филм, дејствието се случува за Божик, а и режисерот Џон МекТирнан откри дека бил инспириран од It’s A Wonderful Life, кога го снимал филмот.

Трет на листата е анимираниот филм „Снешко“ од 1982 година. Нешто повеќе од 12.000 луѓе го оценија на IMDB и доби 8,2.

Scroll to Top