Полната месечина се совпадна со Ноќта на вештерките низ цел свет првпат од 1944

пред 4 години

Овој октомври имаше две полни месечини. Феноменот е познат како сина месечина, иако таа воопшто не изгледаше сино на ноќното небо. И овој феномен се случува еднаш во две и пол до три години , а прилината е што лунарниот циклус и календарската година не се совршено синхронизирани.

Уште поретко, полната месечина се совпадна вчера со Ноќта на вештерките, па тоа даде дополнителен амбиент на вечерта. Полната месечина можеше да се види низ цел свет на 31 октомври за првпат од 1944 година. Ова беше можно затоа што месечината почне да изгрева доста порано. Во некои временски зони полната месечина се совпаѓа со Ноќта на вештерките на секои 19 години, па следното ќе биде во 2039 година.

Scroll to Top