Поранешна порно глумица пронајдена мртва

пред 4 години

Поранешната порно глумица Зои Паркер, која беше номинирана за актерка со најдобра секс сцена во 2017 година, е пронајдена мртва. Таа неодамна ја напушти порно индустријата, а според „Дејли стар“, причината за смртта засега не е позната. „Зои се врати дома во Тексас за да биде со своето семејството и да започне нов живот. Неодамна почна да работи и најави дека ќе се мажи. Првпат во нејзиниот живот се чинеше навистина среќна“, рекоа нејзини блиски за американските медиуми. Паркер ја започна својата кариера во филмската индустрија во 2014 година, а во 2016 година се пресели во Лос Анџелес за да се занимава со порнографија.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top