Родителите му ја уништиле на синот порно колекцијата, судот реши да му платат отштета

пред 3 години

Судија во американската држава Мичиген пресуди во корист на 42-годишен маж кој побарал од родителите да платат отштета затоа што му ги уништиле филмовите за возрасни. Дејвид Веркинг тужел затоа што ја уништиле неговата колекција на порно филмови, за која тврди дека вреди 25.000 американски долари.

Веркинг изјави дека оставил голема и „незаменлива“ колекција списанија и филмови во куќата на неговите родители кога првично се иселил, а подоцна сфатил дека веќе ги нема, објави весникот „Холанд Сентинел“.

Е-поштата што Веркинг ја разменил со неговиот татко покажува дека биле уништени 12 кутии полни со порно филмови и две кутии со секс играчки.

По изрекувањето на пресудата, адвокатот кој ги застапувал родителите изјавил дека работи на утврдување на штетата за која ангажирал експерт од Музејот за еротско наследство во Невада. Семејството Веркинг мора да ги плати судските трошоци до средината на февруари.

Scroll to Top