Хакери јавно објавиле лични податоци на корисници на „Фејсбук“, меѓу нив и бројот на Цукенберг

пред 3 години

Хакери објавиле на интернет лични податоци на 553 милиони корисници на „Фејсбук“, а меѓу нив се нашил и бројот од приватниот мобилен на основачот на компанијата Марк Цукенберг.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, името на Цукенберг, локацијата и податоците за брачниот статус, датумот на раѓање и неговото ИД корисничко име на „Фејсбук“, се нашле меѓу големиот број на украдени лични податоци, кои потоа биле објавени на еден хакерски форум во саботата.


Ова го потврдил истражувачот од кибернетичката безбедност, Дејв Волкер. Тој се пошегувал и изјавил дека ако новинарите се потрудат да добијат изјава од „Фејсбук“, може треба само да свртат на бројот Цукенберг кој бил објавен на форумот.

Како што известува „Дејли Мејл“, прочуреле и личните податоци на Крис Хјуз и Дастин Московиќ, коосновачот на „Фејсбук“. Портпаролот на компанијата за „Дејли Мејл“, изјавил дека тоа биле стари пдатоци за кои претходно било известено во 2019 година.

„Го пронајдовме и го решивме овој проблем во август 2019 година“, тврдат од „Фејсбук“.

Според Алона Галу, коосновачот на израелска известувачка фирма за сајбер криминал „Хадсон Рок“, се чини дека базата на податоци од истиот куп на броеви кои кружат низ хакерските кругови, е најмал од јануари.

Тие податоци некое време се продавале и препродавале меѓу сајбер криминалците, но прочурувањето на информациите во саботата, на хакерскиот форум, сега во суштина ги направи бесплатни, пренесува британскиот весник.

Scroll to Top