(Видео) Мечка брка човек низ центарот на град во Русија

пред 3 години

Несекојдневно видео доаѓа од Нижневартовск град во Западен Сибир, Русија,  на кое се гледа како разбеснета мечка, на сред ден, брка човек по градските улици.

Имено, локалното население се збунило кога видело мечка како брка човек во центарот на градот, град со околу 280.000 жители и без никаква шума наоколу.

Бркотницата почнува без човекот на било каков начин да ја задева мечката, Всушност, тој зборува на телефон кога во еден момент кафената мечка го напаѓа, по што тој се дава во бегство.

 

На едно од видеата снимени од минувачите се гледа како мечката ја удира автобус, но откако екипата од тимот за контрола на животни дошла на локацијата и ја смирила, виделе дека не била повредена од ударот на автобусот.

Се востановило дека не се работи за дива залутана мечка, туку за домашно милениче кое избегало од блискиот хотел каде било чувано. Поради тоа сега и полицијата го истражува случајот.

 

Scroll to Top