(Видео) „Сакам да им се вратам на концертите“, Цеца се вакцинираша со кинеската вакцина

пред 3 години

Пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца се вакцинираше против коронавирусот. Таа вели дека едвај чека да заврши пандемијата и да му се врати на стариот живот и концертите. Цеца ги советуваше сите кои се немаат вакцинирано, да го сторат тоа.

„Не почуствував ништо. Сметам дека секој совесен граѓанин треба да се вакцинира и на тој начин да се заштити не само себе си, туку и семејството и луѓето кои го опкружуваат. Јас како што знаете имав корона и одредена количина на антитела, па по советување со доктор се вакцинирав. Мораме да сфатиме, дека здравствените работници вложуваат огромен напор за да се грижат за нашите граѓани и тоа не смееме никогаш да го заборавиме. Сметам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обрска. Сакам да се вратиме на стариот живот, да имам концерти, да се веселиме и гушкаме. Ајде да се потрудиме тоа да биде што поскоро“, изјави Цеца.

Пејачката се вакцинираше на белгардскиот Саем. Таа објасни дека ја примила кинеската вакцина Синофарм.

Scroll to Top