(Видео) Џенифер Анистон ги спаси Еми наградите, глумицата го изгасна пожарот во студиото

пред 4 години

Глумицата Џенифер Анистон и водителот Џими Кимел успеаа да ги спасат Еми наградите за време на објавувањето на победникот за најдобра женска улога во хумористична серија. Анистон и Кимел прво го запалија пликотот за да спречат ширење на заразата со коронавирус, а потоа мораа да го гаснат оганот со противпожарен апарат. Ковертот беше спасен, а Џими го откри името на Кетрин О’Хара, за најдобра женска улога во хумористичната серија Schitt’s Creek. „Џенифер ги спаси Еми наградите. Да не беше таа, ковертот ќе изгореше цел“, напишаа фановите на социјалните мрежи. Годинешното доделување на Еми наградите, поради коронавирсот се организираше во домашна атмосфера кај номинираните. Некои од ѕвездите имаа можност покрај гламурозните тоалети, да се појават и во пижами и тренерки.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top