Врчак се враќа на музиката со албум сниман во „Парамаунт студио“

пред 4 години

Раде Врчаковски-Врчак, по подолго време повторно се враќа на музичката сцена со нов албум. Тој вели дека неодамна снимил музички албум во Лос Анџелес со именаџерот на Бруно Марс во “Парамаунт студио“ Музичкиот албум е американски со артисти од Лос Анџелес .

“Пеачите се предобри, велат песните се сон, на аудициите имаше и една девојка која како мала има пеено пратечки вокали на Џенет Цексон. Манџерот на Бруно Марс со кого работев по препорака на моите професори од Беркли има работено на песни со огромна гледансот. Сега ова  е љубовен музички албум  и спремете се за изнедадување идната година по завршување на корна кризата’, вели Врчак. Тој додава дека идејата за албумот му дошла среде лето, на море, по една убава случка.

“Целиот албум го правев од срце и со план секоја една песна да е подобра од секој еден билборд број 1 што беше хит летото – за да дојдам до внимание и да се пренесе порака “, вели Врчак.

По објавта за новиот албум, тој доби поддршка од сите колеги кои му пишуваа коментари дека едвај чекаат. Раде Врчаковски-Врчак, беше многу популарен во времето кога македоската музичка сцена имаше прогрес, а потоа се повлече од јавноста.

 

Scroll to Top