Две Македонки со три титули меѓу најубавите жени во Евроазија

пред 4 години

Вчеравечер во хотелот Хилтон во Истанбул,Турција се одржа изборот „Мис Евроазија 2020“. Македонија имаше две претставнички, Кристина Поптрпева и Елена Петреска кои успешно ја претставија нашата земја и се вратија со круни и дури три титули. Нашата претставничка Кристина Поптрпева освои две титули : Мис Талент, како најталентирана меѓу девојките претставувајќи го својот талент за пеење со изведба на песната “Stay” од Ријана. Исто така ја освои и титулата Miss Catwalk, односно признание за најдобро движење на писта. Нашата друга претставничка Елена Петреска, доби титулата Мис Туризам Евроазија 2020 На изборот победи убавицата од Израел, додека титулата Прва придружничка ја освои девојката од Сибир, а Втора придружничка е девојката од Русија. Тие на изборот настапија преку Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен избор за убавина.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top